Небесни Тајни #6

Од страна на Емануел Сведенборг

Проучи го овој пасус

  
/ 10837  
  

6. Битие 1 (1 Moj. )

1. Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.

2. Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите.

3. И Бог рече: "Нека биде светлина!" И бидна светлина.

4. И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината.

5. Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ. И бидна вечер, па утро - прв ден.

6. И Бог рече: "Нека биде свод среде водите, да ги дели водите од води!"

7. Бог направи свод, и ги оддели водите под сводот од водите над сводот. И бидна така.

8. А Бог го нарече сводот небо. И бидна вечер, па утро - втор ден.

9. И Бог рече: "Нека се соберат на едно место водите под небото, и нека се покаже копно!" И бидна така.

10. Бог го нарече копното земја, а собраните води мориња. И Бог виде дека е добро.

11. И Бог рече: "Нека изникне земјата со зеленило - со семеносна трева, со плодоносно дрво, кое - секое според својот вид - ќе донесува на земјата плод, што го носи своето семе во себе!" И бидна така.

12. И никна од земјата зеленило, трева што се осеменува, секоја според својот вид, и плодоносно дрво што раѓа плод, што го носи своето семе во себе, според својот вид. И Бог виде дека е добро.

13. И бидна вечер, па утро - трет ден.

14. И Бог рече: "Нека бидат светила на Небесниот свод, за да го делат денот од ноќта, нека бидат за знаци, и за времињата, и за деновите и годините,

15. и нека бидат за светила на Небесниот свод за да ја осветлуваат земјата!" И бидна така.

16. И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите.

17. И Бог ги постави на Небесниот свод да ја осветлуваат земјата,

18. да владеат над денот и ноќта и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека е добро.

19. И бидна вечер, па утро - четврти ден.

20. И Бог рече: "Нека обилуваат водите со живи суштества; и птици нека летнат над земјата, по Небесниот свод!"

21. Бог создаде морски чудовишта и секакви живи суштества, што ползат и се движат по водите и крилати птици од секаков вид. И Бог виде дека е добро.

22. И ги благослови Бог - велејќи: "Плодете се и множете се и наполнете ги морските води! И птиците нека се размножат по земјата!"

23. И бидна вечер, па утро - петти ден.

24. И Бог рече: "Земјата нека произведе живи суштества, секое според неговиот вид: добиток, лазачи и земни ѕверови според нивниот вид!" И бидна така.

25. И Бог направи земни ѕверови според нивниот вид, и добиток според неговиот вид, и сите лазачи на земјата според нивниот вид. И Бог виде дека е добро.

26. И Бог рече: "Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над Небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!"

27. Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско.

28. И Бог ги благослови и им рече Бог: "Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!"

29. И Бог рече: "Еве, ви ги давам сите треви, што се осеменуваат, по целата земја, и секое плодоносно дрво, што го носи своето семе во себе: нека ви биде за храна!

30. А на сите ѕверови земни и на сите птици во воздухот и на сите лазачи што ползат по земјата, во кои е здивот на животот - нека им е за храна сето зелено билје!" И бидна така.

31. И Бог виде сè што направи, и ете, беше многу добро. И бидна вечер, па утро - шести ден.

СОДРЖИНА

Шестте дена или временски периоди, кои се толку многу последователни состојби во регенерацијата на човекот, генерално се како што следува:

  
/ 10837  
  

Many thanks to Novi Jerusalem (Balkans) for the permission to use this translation.

Loading…
Loading the web debug toolbar…
Attempt #