Небесни Тајни #624

Од страна на Емануел Сведенборг

Проучи го овој пасус

  
/ 10837  
  

624. Јасно е дека се работи за состојба која не е состојбата на Црквата од фактот што во овој стих и во тие што следат во поглавјето се користи името Бог, додека во претходните стихови тоа беше Јехова. Кога Црквата не постои, се користи името Бог, но кога постои, тоа е Јехова; на пример во Битие 1, кога Црквата не постоела, Тој се нарекувал Бог, но во следното поглавје кога постоела, била наречена Јехова Бог. "Јехова" е најсветото име и припаѓа само на Црквата. Не толку "Бог", бидејќи ниту еден народ не бил без богови. Следствено, истата светост не му се придавала на името Бог. Никој не смеел да го изговори името на Јехова освен оној кој ја познавал вистинската религија; но на сите им беше дозволено да го кажат името Бог.

  
/ 10837  
  

Many thanks to Novi Jerusalem (Balkans) for the permission to use this translation.

Loading…
Loading the web debug toolbar…
Attempt #